X
 24.09.2016 Живот

Трансформација на британските телефонски говорници

Култните британски телефонски говорници добиваат нова намена. Сега ќе бидат канцеларии.

Телефонска говорница како канцеларија

Говорниците, кои се помалку ги има по градовите низ Британија се преуредуваат во функционални канцеларии. Се опремуваат со Wifi скенери, принтери во боја, телефон и останати работи кои може да им се најдат на бизнисмени и воркохоличаи кои се постојано во движење и на кои им треба мирно место за да работат “уз пат“.

Во малите канцеларии има и бесплатно кафе и чај. Користењето на овие “канцеларии“ ќе биде овозможено преку членство, за што ќе се плаќа нешто помалку од две кафиња неделно, објасниле од Pod Works, кои оперираат со телефонските говорници.

Зошто да се седи во некоја бучна кафетерија, кога може во ваков простор човек да се фокусира на работата пред важен состанок или презентација, посочиле од Pod Works.

Објектите имаат безбедносни камери и се чистат секој ден. До крајот на 2017-та планот е да има 300 вакви “канцеларии“ низ Британија.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот