X
 06.02.2020 Технологија

Виена постави дефибрилатори во телефонските говорници

Во време на паметни телефони телефонските говорници ретко се користат. Но, за да им даде нов живот, Виена одлучи во телефонските говорници да стави дефибрилатори кои се едноставни за употреба.

Првата говорница со дефибрилатор на улицата „Ротентурмштрасе“ беше официјално отворена во понеделникот од страна на виенскиот градоначалник Мајкл Лудвиг. Иницијативата настанала во соработка со градот Виена, операторот А1, здружението „Пулс“ и маркетинг-компанијата „Гевиста“. Планирано е до средината на годинава уште десет говорници да се опремат со дефибрилатори. Во целиот град има вкупно 2.444 говорници.

Покрај новата иницијатива со дефибрилатори, говорниците ќе добијат и нова намена - преку нив ќе може бесплатно да се повикаат сите броеви за итна помош. 

По срцевиот удар, веројатноста за преживување на пациентот се намалува за 10 отсто во минута. По три минути во мозокот се појавува непоправлива штета, така што брзите мерки преземени од првата помош се исклучително значајни. Досега во Виена има над 1.000 јавни дефибрилатори, сите јавни објекти се опремени со овие уреди, како и институциите за итна помош, полицијата и противпожарните служби.

Фото: C.Jobst
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија