X
 26.09.2016 Економија

Австрија бара 30.000 работници - прочитајте какви

Есента е најава за крај на ангажманите на многу сезонски и туристички работници, но некои од нив ќе продолжат со ангажманите и во зима.

хотел услуга


За Австрија е најчест проблемот со добивање работна дозвола што го отежнува пристапот до австрискиот пазар на трудот, но во истовреме земјата се соочува со недостаток од угостителски работници и за нив со тоа процесот на добивање работна дозвола се олеснува.

Имено, хотелите рестораните во земјата се соочуваат со недостиг од околу 30 000 работници секоја година, а голем дел од нив доаѓаат од странство. Според искуството во работата со посредување за вработување во Австрија, Александра Бертелт, вработена во хрватската агенција Euro Career, вели дека работодавците во поголем дел обезбедуваат сместување и храна:

„Работиме со хотели со четири и пет ѕвезди. Целта ни е да бидат задоволни и работниците и работодавците, но и ние како агенција. Посредуваме за вработување во текот на зимскиот и летниот период, но и во објекти што работат во текот на целата година, за вработување на неопределено време. Работиме со работодавци на подрачјето на Салзбург и Тирол.“ Таа додава и дека познавањето на германскиот јазик е важен услов за добивање работа.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија