Сонувате да бидете дигитален номад?
Идејата за работа од плажа, авион или воз е привлечна за сите, но никогаш не е толку едноставна. Трошоците за патување, сместување и јадење би можеле да бидат огромни дури и за добро платен работник.
Но, што ако ви го плаќаат патувањето?
Веб-страницата за патувања и поени „The Points Guy“ вработува практикант што ќе ги оценува летовите, хотелите, возовите за глобалната публика.
Од веб-страницата велат дека платата за оваа позиција ќе се базира на квалификациите и искуството на кандидатот што ќе победи, но дека ќе биде над минималната плата во Њујорк - 15 долари на час.
Фото: Instagram/thepointsguy
- Сè што ќе треба да направите е да ги споделувате вашите искуства со останатиот дел од светот во серија пишани рецензии со фотографии, видеа и постови на социјалните медиуми - пишува во описот на работата.
Компанијата вели дека среќниот практикант ќе стигне до прва класа на летовите на „Емиратите“ и „Катај Пацифик“ и ќе престојува во најдобрите светски хотели, од Грција до Сингапур. Сепак, практикантот ќе треба да рецензира и летови во економска класа и во автобуси за да „остане приземен“.
Очигледно, постојат услови и барања за оние што сакаат да аплицираат. Апликантите ќе мора да бидат студенти или неодамна дипломирани (декември 2018 година или подоцна). Исто така, тие мора да имаат 21 година или да бидат постари за да пробуваат алкохолни пијалаци. - Ќе мора да бидете во можност да правите разлика меѓу „кристал“ и „корбел“, со врзани очи или барем да сте подготвени да научите - пишува компанијата.
Практикантот ќе може да ги
зачува прелетаните поени и хотелските поени што ќе ги собира во текот на работата, што ќе му овозможи одмор од соништата подоцна.
Оние што сакаат да аплицираат, можат да го направат тоа
ТУКА.