X
 27.09.2016 Живот

"Без Фејсбук сме посреќни"

Среќни, задоволни и слободни - така себе си се опишуваат луѓе откако ги деактивирале своите профили на социјалните медиуми.

Раце врзани со кабел

Млади луѓе кои се откажале од Фејсбук и други социјални медиуми откриваат како промената влијаела врз нивниот живот.

Накратко: Фејсбук за нив станал товар, место каде секојдневно мораат да се докажуваат, додека комуникацијата и дружењето останале во втор план.

Поопширно:

Дејзи, 23 години, Манчестер
Фејсбук направи да се чувствувам анксиозно и несреќно. Кога бев онлајн ми изгледаше како сите да се во Австралија или Тајланд или ако не патуваат се венчаатт и се вработуваат на одлични места. Имав чувство како секој да го живее својот сон, а јас се уште седам дома со моите родители, со студентски долг. Мислев и дека ако не се "тагнувам" по ресторани и не постирам фотографии од вечерни дружби, луѓето ќе сметаат дека немам живот. Мојот живот се подобри откако ги избришав профилите. Уживам во дружење со пријателите. Тоа прави да сфатиш кои ти се вистинските пријатели и како социјалните медиуми ја уништуваат радоста од споделување на новости со луѓето. Никогаш не сум имала Твитер профил.

Џорџ Линколн, 17 години, Хемпшир
Кога прв пат се логирав на Фејсбук, тоа ми одговараше зашто можев да комуницирам со сите пријатели и да видам како се, но сега Фејсбук стана потривијален. Наместо да видам како се, јас гледам работи што ги лајкнале и коментари што не ме интересираат. Не сум на Фејсбук веќе две недели и немам потреба да се логирам пак. Многу млади луѓе веќе не се заинтересирани за Фејсбук, пренатрупан е.

Бен, 21 година, Сари
Се откажав од Снепчат во ноември, а од Фејсбук во јуни. Не сум имал Твитер. Социјалните медиуми отсекогаш сум ги доживувал како место каде луѓето бараат внимание и одобрување преку коментари и лајкови. Не ми беше тешко да се откажам. Луѓето ја почитуваат мојата одлука, а некои сакаат да го следат мојот пример. Сега сум попродуктивен и не сум загрижен што мислат другите за мене. Сега единствената личност која редовно ја споредувам со себе сум јас. Многу сум попозитивен.

Росана Кесиди, 25, Нотингем
Три месеци без Фејсбук - јас сум позадоволна и посреќна. Сега можам да го живеам својот живот наместо да се обидувам да направам да личи на живот што изгледа добро онлајн. Сега имам и повеќе време. Не планирам да се вратам на Фејсбук, но сепак имам профил на Инстаграм што го проверувам еднаш дневно. Инстаграм е поинаков бидејќи не се троши многу време и не си бомбардиран со туѓи мислења. Пред неколку години се откажав од Твитер, зашто не ми изгледаше дека има некоја поента.

Софи, 18 години, Сари
Безброј пати во текот на денот гледав што има ново на социјалните медиуми. Сега сум слободна. Можеби звучи глупаво, но сега се чувствувам како свој човек... Слободно се дише.

Саркастичен цитат
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот