Луѓето во Колумбија сега можат да направат профил на „Фејсбук“ со помош накој ќе можат да си бараат партнер, а наскоро тоа веројатно ќе можат да го прават и корисници од други земји.
Иако можеби ви е чудно што ова почнува во Колумбија, од „Фејсбук“ тврдат дека станува збор за одличен избор бидејќи луѓето во таа земја одлично ги прифатиле онлајн љубовните состаноци и има 30 милиони активни корисници на „Фејсбук“.
Фото: Telegraf
Ова се правилата и новите функции кои наскоро ве очекуват ако сакате да ја пронајдете љубовта преку оваа социјална мрежа:
Смислени врски, а не секс за една ноќ. Ова е многу важно за „Фејсбук“, кој влегува во сосема нова ера во која сака луѓето смислено да го минуваат времето на мрежата. Компанијата подготвила многу податоци кои ќе ви помогнат да ја пронајдете личноста покрај која сакате да се будите секое утро, а не само да имате однос на една ноќ.
Сами бирате дали сакаде да бидете дел од „Фејсбук дејтинг“ - бидејќи тоа не го сака секој, како што не секој сака да бара љубов на интернет.
Се ќе биде во рамки на „Фејсбук“, нема да има посебна апликација.
Пријатели на пријателите и странци, а не пријатели - бидејќи многумина се плашат дека нивните активности ќе ги види некој кој ги познава или член на фамилијата. На лицата кои веќе ви се пријатели не им треба помош за да се сретнат со вас.
Нов профил - затоа што некои луѓе можеби сакаат да споделат некоја друга страна од својата личност или не сакаат јавно да ја објават својата сексуална ориентација. Од вашиот стар профил ќе бидат повлечени само името и годините.
Вистинската возраст и локација, а не она што сами сакате да го опишете - бидејќи „Фејсбук“ сака да ве спречи да се поврзете со некое лице од друг град кое никогаш нема да го запознаете.
Поврзување преку групи и настани, а не случајно - бидејќи фотографијата не е доволна да ви помогне да го пронајдете животниот партнер. Клучно нешто ќе бидат истите интереси, но и настаните за да може луѓето полесно да се запознаат.
Најголема предност на „Фејсбук“ во оваа област е бесконечниот извор на податоци за нас кои ги има и кои ќе ги користи за да ни го пронајде идеалниот
партнер.