Долгоочекуваната темна верзија на „Фејсбук“ конечно е достапна, но само за десктоп-верзија, а не и за апликацијата на мобилните телефони.
За да се префрлите на новиот, темен изглед на вашата омилена социјална мрежа, најпрвин треба да кликнете на триаголничето во горниот десен агол на екранот и да кликнете на Switch to New Facebook, што во превод значи: Префрли се на нов „Фејсбук“.
Потоа ќе ви се појави порака за добредојде на новиот, поедноставен „Фејсбук“ и тука само треба да кликнете на „Next“.
Веќе на следниот прозорец што ќе ви се отвори можете да одберете како сакате да ви изгледа почетната страница - светла или темна. Откако ќе изберете, кликнете на „Get Started“.
Доколку сѐ уште не ви е вклучена темната верзија, одете повторно на триаголничето и вклучете го „копчето“ покрај Dark mode.
Треба да се напомене дека секогаш можете да се вратите на стариот изглед така што ќе одите на триаголничето и ќе изберете Switch to Classic Facebook.