Наскоро излегува нова автомобилска навигација, за која се тврди дека ќе биде најдобра меѓу најдобрите што постојат на пазарот.
Новиот автомобилски навигациски систем ќе собирал податоци за кочење, за бришачите, светлата, камерите и сензорите и ќе ги предупредувал возачите за она што ги очекува на патот. Навигацијата ја најавува германскиот производител HERE, што е во сопственост на трите производители на автомобили BMW, Daimler и Volkswagen. HERE работи на развој на систем којшто од сензори и камери вградени во стотици илјади нивни автомобили ќе повлекувал податоци за метеж во сообраќајот и сообраќајни несреќи, лоши временски услови на патиштата, ограничувања на брзината заради работа на пат, слободни паркинг места и слично.
Станува збор за прва ваква соработка откако споменатите автомобилски гиганти го купија HERE за 2,8 милијарди долари од Nokia. Напредната навигација прво ќе се вградува во нивните автомобили, а подоцна, проектот треба да вклучува и останати производители. Нивниот “видео сервис во живо“ ќе почнел со работа во првата половина на 2017-та.
Информациите за условите на патиштата во првата фаза ќе ги собирале нивни возила, а бидејќи HERE се користи за навигациски системи во четири од пет автомобили во Европа и Северна Америка, компанијата смета дека до крајот на 2018-та ќе добива податоци од неколку милиони автомобили. Тоа значи неверојатна количина на податоци за патиштата низ светот.
„Имаме конкурентски брендови кои меѓу себе ќе почнат да делат податоци и ќе создадат единствена услуга каква што претходно не било возможно да се понуди“, изјавил Бруно Бургет, шеф на продажба во HERE.
Тоа значи предност во
однос на конкуренцијата како Google, Apple, Teslа Motors. Исто така, подоцна би можел системот да се искористи за помош на компјутерските системи на автономните автомобили.