Веројатно никогаш не сте размислувале за причината за малите црни точки што ги има на рабовите на автомобилските стакла. Естетски изгледаат убаво, но има ли некоја причина зошто се ставени?
Тие точки од црните рабови се поврзани со начинот на кој се изработуваат автомобилските стакла. Имено, од 1950-тите и 1960-тите производителите на автомобили почнале да користат лепило за држење на втомобилските прозорци на место, наместо металните облоги. Лепилото си ја вршело работата, но не било естетски баш пријатно. Така, во приказната влегуваат црните рабови и точките од керамичка боја. Нивната намена е да го сокријат лепилото, а со оглед на тоа дека рабовите се печени, тие се речиси неуништливи. Тие го држат лепилото на место, кое за возврат ги држат прозорците на место.
Во однос на точките, тие постојат за да го направат пријатен преминот од дебелите црни линии до проѕирното стакло. Точките стануваат сѐ помали и пооддалечени како што се повлекува црната боја, па таа глетка е помалку неугодна за окото од непроѕирната црна боја покрај проѕирното стакло.
Сепак, ни точките не се само за украс. Нивната втора намена, освен визуелниот ефект, е контролата на температурата. За стаклата во автомобилите да бидат извиткани кави што се, тие се загреваат. Стаклото обоено со црна боја се загрева побрзо од другите. Така, точките се тука за малку порамномерно да ја распоредуваат топлината, што спречува ветробранското стакло да се искриви од топлината.
Извор:
Jutarnji
Фото: Pixabay