X
 01.04.2017 Живот

Најбрзиот полициски автомобил на светот

Ретко каде на светот можете да видите полиција како вози автомобили од марката „бугати вејрон“ или „ferari ff“. Меѓутоа, таквата ситуација е потполно нормална во Дубаи, каде што полицијата добила сертификати од Гинисовата книга на рекорди за најбрз полициски автомобил.


Флотата на луксузните автомобили може да изгледа чудно, но таа слика совршено се вклопува во раскошното Дубаи. Полициските автомобили можат да достигнат брзина од 407 километри на час, а нивниот мотор може да произведе и до илјада коњски сили, додека пак за почетната брзина потребни им се само две и пол секунди.

Досегашниот рекорд припаѓал на италијанската полиција чиј „ламборџини“ можел да достигне брзина до 370 километри на час.

Автомобилот не се користи за со него да бркаат криминалци, туку полицијата на тој начин оди во потрага по туристи. Освен тоа, поголемиот дел од возачите на автомобилите се жени, па властите сакаат да покажат дека се почитува и родовата еднаквост.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот