X
 09.09.2015 Култура

Светот губи милијарди користејќи автомобили наместо велосипеди

Тврдењата дека користењето еколошки средства на патиштата може да значи економска катастрофа за човештвото е бесмислица, велат група економисти кои бараат инвестиции во поефективни начини на транспорт, градби и селекција на отпад.


Според нив, мерките кои се предложуваат на градовите може да им заштедат најмалку 17 трилиони долари. Голема улога во овие нови мерки играат велосипедите и автобусите. Извештајот „Accelerating low-carbon development in the world's cities“ бил напишан од група економиски со цел да се пресметаат цените и поволностите на соочувањето со климатските промени.

- Предолго постоеше истиот стар аргумент со кој се спречува дејствување за климатските промени, што е разликата меѓу економскиот просперитет и промените - вели Ник Годфри, автор на извештајот.

Превозните возила се „виновни“ за една третина од испуштените гасови кои може да се намалат. Во извештајот се предложуваат мерки за решавање на проблемот во големите градови во следниве децении, и тоа со велосипеди и автобуси.

Се пишува дека постојат големи економски и еколошки причини за градовите да инвестираат во безбедна и добро поврзана велосипедска инфраструктура. Велосипедот е добар за здравјето и околината и е економичен за одржување. Како примери се наведуваат градовите Париз, Лондон и Минхен, кои изградиле или планираат да изградат автопати за велосипеди.

Освен тоа, се препорачува и автобуски систем каков имаат повеќе од 200 градови низ светот кадешто патниците го плаќаат билетот пред качувањето, а автобусите застануваат на помалку места за да се движат побргу.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура