Необичен фудбалски терен беше развиен во “Khlong Toei“ заедницата, густо населена област во Бангкок, Тајланд, за кој многумина веруваат дека нема употреблив простор од левата страна. Сепак, како што демонстрирал инвеститорот, постојат бројни асиметрични места расфрлани низ оваа област.
“AP Thailand“ се надева дека овој проект ќе ги подобри односите меѓу луѓето во заедницата. Со овој "необичен фудбалски терен“, се докажува дека дизајнот за играње “надвор од кутијата“ и буквално и метафорички, може да поттикне како креативноста да се искористи за да се развијат овие корисни простори.
Инвеститорот се надева дека другите заедници ќе ја забележат и прилагодат идејата да ги менуваат своите неправилни простори во простор за организирање на различни активности, и на тој начин разбирајќи дека било каков абнормален простор може да постигне највисока корист.
Фундбалскиот терен е неконвенционален и ги редефинира границите на традиционалниот 105 со 68 метри правоаголно поле. Реализацијата на овој проект е благодарение на “AP thailand“, инвеститорот на недвижности, во соработка со
“CJ worx“, дигитална агенција. Овие две компании создадоа уникатен терен за играње фудбал, за најомилениот спорт во Тајланд, со цел унапредување на односите меѓу луѓето во заедницата.
Концептот потекнува од една идеја наречена "мисловен простор", со цел да го трансформира малиот и неправилен облик во практичен фудбалски терен, што ќе овозможи фер игра меѓу тимовите. Идејата ги доведува во прашање границите на просторот, со цел да се илустрира верувањето на компанијата дека "просторот може да промени нечиј живот".