X
 02.11.2022 Живот

Канцелариски шатори - нов концепт на отворен простор во канцелариите

Враќањето во канцелариите беше тешко за вработените од повеќе причини, особено затоа што удобноста на својот дом мораа да ја заменат со стерилна просторија, но и да се вратат во деловниот свет на комуникација со колегите.

Но, американската компанија „Стилкејс“ дизајнира шатори за канцелариите кои на вработените им овозможуваат удобност како да се дома.

1

Лесни за поместување, шаторите го блокираат сето она што може да им го одвлече вниманието на работниците и создаваат приватност.

По детално истражување на различни форми и материјали, производителите на канцелариски мебел го ангажирале Крис Потингер, индустриски дизајнер кој работел за компании како „Норт фејс“ и „Биг агнес“.

Соработката довела до споменатите шатори, кои покрај функционалноста, нудат и удобност и приватност.

Шаторот е инспириран од лондонскиот облакодер Сент Мерис Ејкс 30 и може да биде во бела боја, златна боја или проѕирен.

2

Извор: Telegraf.rs  | designboom.com
Фото: Foster + Partners
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот