Според некои апокалиптични пророштва „
црната месечина“ е знак дека крајот на светот се ближи и оваа теорија има и свои поддржувачи. Од друга страна, науката потврдува дека нема потреба за паника и дека животот ќе ни се одвива нормално и по овој феномен што ќе се случи во петок на 30 септември.
Црната месечина ќе го достигне врвот во 20:11 по источно време во САД, но зависно од временската зона соодветно ќе се појави и во другите делови од светот. Феноменот ќе се случи на западната хемисфера и црната месечина ќе биде речиси невидлива.
Што е црна месечина?
Ова име го носи втората нова или млада месечина што се појавува во еден месец, конкретно тековниот септември. Астрономијата објаснува дека „нова месечина“ е фаза во која нејзината темна страна е свртена кон Земјата и е потполно во сенка. Всушност, месечината е меѓу Земјата и сонцето и осветлената страна не е свртена кон нас. Спротивно на тоа, кога е полна осветлената страна на е свртена кон Земјата.
На 1 септември се случи соларна екслипса или затемнување на сонцето, при што сонцето не беше целосно во сенка туку со „огнен прстен“. Двата феномена во ист месец ги разгоруваат страстите на љубителите на теории на заговор, но веројатно и овој пат науката ќе изнесе поиздржани објаснувања.