X
 29.09.2016 Наука

Сите дишеме загаден воздух!

92% од светската популација живее во места каде квалитетот на воздухот не ги задоволува стандардите на СЗО.

Тврдењето произлегува од интерактивна мапа базирана врз податоци за загадувањето на воздухот во глобални рамки.

Загаден воздух

Д-р. Марија Нејра од СЗО бележи дека ова е загрижувачки здравствен проблем бидејќи загадувањето е штетно за белите дробови, срцето, па дури и мозокот, со потенцијал за предизвикување прерана смрт кај луѓето.

Колку е смртоносно загадувањето на воздухот?

Според СЗО, годишно околу 3 милиони смртни случаи може да се поврзат со изложеност на загаден воздух. Она што уште повеќе загрижува, објаснува д-р. Нејра, е фактот што веќе извесно време се алармира за ситуацијата, а нема никакви позитивни резултати.

Од 2008-ма до 2013-та нивото на загаденост на воздухот во урбаните средини бележи зголемување од 8%, и покрај подобрувањето во одделни региони.

Каде е најлош квалитетот на воздухот?

Според мапата, многу од областите каде нема чист воздух се во западен Пацифик, Медитеранот, субсахарските земји и југоисточна Азија

Како да се подобри квалитетот на воздухот?

Загадувањето произлегува од превозните средства, користењето јаглен и слично. За почист воздух, препорачуваат од СЗО, неопходни се владини регулативи и нивно спроведување.

За почеток, секој од нас би можел да почне да користи велосипед наместо автомобил.

ИНТЕРАКТИВНАТА МАПА НА СЗО
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука