X
 24.12.2019 Здравје

Истражување: Загадениот воздух ја намалува интелигенцијата

Високото ниво на јаглероден диоксид во атмосферата влијае врз намалувањето на интелектуалните способности на луѓето, посочува ново истражување на Универзитетот на Пенсилванија и Колорадо Боулдер (САД), чии резултати се објавени на интернет-страницата Phys.org.

Зголемените нивоа на јаглерод погубно влијаат врз природата, а тоа се гледа, на пример, во промените во климата. Но, научниците дошле до сознанија дека тоа лошо влијае и врз учењето кај децата.

И досега се знаеше дека непроветрена просторија им попречува на умствените способности, како и на концентрацијата. Но, досега не беше проучено влијанието на „свежиот“ воздух однадвор, кој е веќе, исто така, прилично загаден.

При испитувањата се дефинирани две тези. При пооптимистичкото сценарио, умствените способности на учениците ќе се намалат за 25 отсто до 2100 година, но во случај ако отсега се намалат издувните гасови.

Доколку нивото на штетни честички во воздухот остане на сегашното ниво, луѓето до крајот на векот ќе бидат, во просек, за 50 отсто помалку интелигентни.

Во 2015 година експерти од „Харвард“ спровеле сличен експеримент. Имено, тие натерале 24 лица доброволци да поминат шест работни дена во лабораториски контролирани услови, при што нивоата на јаглеродниот диоксид варирале. Така, секое попладне испитаниците требало да се справат со задачи од секојдневието. Компјутерска програма покажала дека кога нивоата на гасот се зголемени, луѓето имале тешкотии со анализирање податоци, правење планови, носење одлуки, како и намалена способност да реагираат на криза.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје