X
 29.09.2016 Живот

Тајната за нарцисоидните луѓе-Како да ги откриете?

Сте се запрашале дали сте нарцис? Тогаш тоа е повеќе од веројатно дека не сте, според еден од водечките експерти во Австралија за нарцизам. Зошто?

Вистинскиот нарцис никогаш нема да биде склон кон размислување како да се забавува со идејата дека тие се нешто помалку од совршено човечко битие, според Џули Харт, главен психолог и директор на “The Hart Centre“.

"Постои изрека дека нарцисите немаат проблеми, тие само имаат проблеми со другите луѓе Секогаш се работи за грешките на сите други луѓе“-  вели доктор Харт.


нарцис


Всушност, доктор Харт верува дека луѓето кои може да идентификуваат одредени нарцисоидни особини во нивните личности се разумно здрави индивидуи.

"Недостаток на увид е една од карактеристиките на нарцисоидноста. Значи, тоа е добар знак, ако може да идентификувате некои од овие квалитети во себе, бидејќи тоа значи дека сте релативно здрави психички."


Откривањето на нарциси


“Овие денови, терминот "нарцис" често се користи за да се опише вообразена или себична личност која е особено самобендисана. Но, оваа заедничка перцепција на нарцисоидноста е премногу симплистичка и не ја одразува вистинската комплексност или потенцијалната сериозност на состојбата.

Често кога луѓето мислат на нарцисите, тие ги гледаат како овие луѓе добиваат огромно внимание само со својот изглед. Постојат и други, потивки, видови на нарцисти, тие дури можат да биде прилично срамежливи и тивки, но она што се случува во нивната глава е дека веруваат дека тие се природно супериорни во однос на сите други луѓе- вели Харт.
.

Таа ги опишува некои од повеќе заедничките карактеристики на нарцисоидните луѓе:


Се чувствуваат супериорни


Најочигледната карактеристика на нарцистите е нивното чувство на грандиозност, супериорност или дури и ароганција. Кај нив постои ова верување дека како личност, тие се подобри од било кој друг човек.


Себе-правични



Заедно со тоа доаѓа и лажливото над-чувство дека секогаш се во право. Луѓето кои имаат добро психичко здравје ќе чувствуваат здраво чувство кога се во право, но нарцистите едноставно чувствуваат дека тие имаат право од било кој друг.


Живеат во свет на фантазии


Нарцистите живеат во свој фантастичен свет каде тие се прекрасна личност и тие ги имаат овие слики на неверојатен успех и моќ, а можеби и љубов. Тие не живеат во реалниот свет, но во овој идеализиран меур, што резултира со обвиткана смисла на перцепција за нештата.


Потреба да им се восхитуваат


Тие исто така ја имаат оваа интензивна потреба да бидат почитувани и луѓето да им се восхитуваат, што се случува во секое време. Кога зборувате со нарцис, многу е тешко да имате реципрочен разговор со нив. Тие нема да ве слушаат многу внимателно вас и секогаш ќе успеваат да го донесат разговорот назад околу нив.


Ќе манипулираат со вас


Нарцисите имаат тенденција да ги искористуваат луѓето и често ќе манипулираат со ситуацијата на таков начин, што тие ќе добијат од другите луѓе да ги извршат многу од здодевните или валканите работи за нив. Некако тие знаат да ја изманипулираат ситуацијата, така што тие добиваат слава за тоа.


Немаат емпатија за другите


Друга многу важна карактеристика е сериозниот недостаток на емпатија, со тоа што навистина не може да се стават во чевлите на друго лице или да умеат да почувствуваат како е тоа. Тие често ќе бидат прилично ладни, особено кога другите се вознемирени или поминуваат низ емоционален пресврт.


Никогаш нема да се извинат



Нарцисите речиси никогаш не се извинуваат или да признаваат дека згрешиле. Тие никогаш не превзeмаат сопственост или одговорност за себе и својот живот, особено во однос на другите луѓе, и често не чувствуваат потреба да ги следат и исполнат нивните често грандиозни ветувања.


Мразат да бидат критикувани


Друга важна карактеристика е дека тие практично немаат толеранција дури и за најмалата критика, па дури и да се работи за конструктивен совет. Нешто што дури и да има мирис на критика, тие се високо реактивни на тоа.


Многу се променливи


Во текот на една минута со нарцисот, може да го сметате за најубавата личност во светот и дека не е можно да направат нешто погрешно, а во следниот миг тие се превртуваат во целост и ве потценуваат. Овие брзи и екстремни промени на однесување може да бидат навистина тешки за управување за некој кој се обидува да се справи со нарцис.


Нарцис со степени


Доктор Харт вели дека сите ние покажуваме нарцисоидни особини од време на време.

"Секако, сите ние може да го впиваме тоа на моменти, но секој тоа го очекува понекогаш. Или можеби не сте секогаш внимателни со другите луѓе, но тоа е исто така нормално.

Додека нарцизмот е релативно честа појава, неговата жестокост може да варира меѓу поединците. "Нарцизмот е на спектар, што е зошто толку тешко да се зборува за појавата на тоа во општеството", објаснува дoктор Харт.

Таа објаснува дека има огромно ниво на екстремност од една крајност во друга, но јас би рекла дека, најверојатно, до околу 15 проценти од населението имаат одреден степен на нарцизам во нив и дека околу 75 отсто од нив се мажи."

На екстремниот крај на спектарот, доктор Харт вели нарцисот се смета дека страда од состојбата наречена “Нарцисоидно растројство на личноста“ (NPD).

"Околу 1 отсто од населението се смета дека ја има оваа болест", вели таа. Со нарцисот е речиси невозможно да се живее, тие создаваат огромни тешкотии и хаос во животот на секого“- објаснува Харт.

SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот