X
 16.07.2016 Живот

На кој начин можете да откриете нарцис?

Во ерата на социјалните медиуми и нивните лајкови заедно со селфи стаповите, често пати го слушаме поимот „нарцис“. Поимот често пати е дефиниран од страна на психолозите како: „грандиозна слика за себе“.

 

нарцис


Нарцизмот во голема мера е спектар - рангира од одредени карактеристики на личноста до целосно нарцисоидно растројство на личноста. Карактеристиките можат да се разликуваат - сепак, нарцисите имаат високо мислење за себеси, со искривено чувство на емпатија, неосновано чувство на право и постојана потреба за внимание и восхит.

Сите ние може да имаме моменти кога сме насочени кон себеси - но како човек да знае дали е нарцис? Погледнете го видеото од ТЕД-Ед кое дава интересно анимирано објаснување за тоа како навистина можете да забележите нарцис.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот