Бидете искрени, сигурно имате барем еден или повеќе пријатели што секогаш ја споделуваат нивната активност во фитнес-сала на социјалните мрежи. Или можеби таа личност сте вие.
„Истрчав 10 километри пред работа“ може да биде мотивирачко да се прочита наутро, а може да биде и здодевно, зависи од тоа колку го мразите премногу користениот емотикон со бицепс.
Истражувачите од Универзитетот „Бранел“ во Лондон направиле испитување за тоа зошто толку многу луѓе споделуваат на социјалните мрежи колку вежбаат секој ден. Резултатите се, најблаго кажано, непријатни.
Луѓето што се склони кон документирање на нивната активност претежно се нарцисоидни. Според истражувачите, примарната цел е да се пофалат со тоа колку време инвестираат во нивниот изглед. Очигледно ваквите статуси добиваат и повеќе лајкови на „Фејсбук“.
- Нарцисоидните луѓе почесто ги ажурирале податоците за нивните постигнувања, што е мотивирано од нивната потреба за внимание и потврда од фејсбук-заедницата - се заклучува во студијата.
Сепак, големиот број лајкови не значи дека сите сакаат да ги гледаат таквите статуси. Тара Маршал истакнува дека иако резултатите сугерираат дека фалењето на нарцисоидните се исплати бидејќи добиваат повеќе лајкови и коментари на статусите, можно е тоа да е само учтива поддршка од нивните пријатели на социјалните мрежи, кои тајно можеби и не сакаат такви егоцентрични истакнувања.
Па, освен ако не сте креативни при вежбањето, можеби би можеле да се држите понастрана од секојдневните споделувања на вашиот напредок во вежбалницата на социјалните мрежи. Вашите пријатели ќе ви бидат
благодарни.