X
 13.04.2019 Култура

МСУ денеска беше преполн – сите на детскиот фестивал „Литера“ каде беше претставен и „Светот на Биби“

Музејот на современата уметност во Скопје денеска напладне беше преполн со деца и нивните родители кои присуствуваа на првиот Фестивал на детската литература и илустрации „Литера“. Тие цртаа, гледаа претстава, учествуваа на креативните работилници. Терасата на МСУ беше полна со деца.

Фото: Фестивал на детската литература и илустрации „Литера“

На фестивалот беше промовиран и проектот „Светот на Биби“. Марјан Алексовски, директор на компанијата „Еф-Три“ од Скопје учествуваше на трибината на тема „Квалитетот на детската литература од содржински аспект и од аспект на изборот на илустрации согласно возраста на децата“ и раскажа како се роди идејата и која е целта на овој комплексен проект. На трибината учествуваа и Билјана Црвенковска, авторка на приказните на „Светот на Биби“, Калина Малеска-Гегај, автор и професор, Мери Бошкова, психијатар, Ана Лазарова-Никовска, професор, Ника Гаврош, автор и Ване Костуранов, илустратор. Дебатата ја модерираше Ана Јовковска.

Фото: Фестивал на детската литература и илустрации „Литера“

Во фоајето на МСУ отворена е изложба на илустрации. Публиката разгледуваше илустрации кои беа дел од списанијата списанијата „Росица“, „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.

Фестивалот продолжува утре со дебата наменета за илустратори. Ќе учествува Маја Џеповска, илустраторка на сказните од „Светот на Биби“. Темата е „Време е за хероите“, а дебатата ќе ја води Александра Јуруковска. Ќе учествуваат и: Александра Филиповска од Издавачката куќа „ТРИ“, Ивана Смилевска од „Чунга лунга“ и Александар Кујунџиски, автор на литература за деца. Фативалските активности денеска траат од 11:00 до 19:00 часот, настанот е од отворен карактер и е бесплатен за сите посетители.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура