Се случува некогаш да задоцниме заради лоша организација и слично. Но, има луѓе кои постојано доцнат и таквото нивно однесување едноставно преминува во навика, која е многу тешко да се искорени. Истото се случува и со 14-годишната Кара Попиќ, која постојано доцни, а нејзината мајка тоа воопшто не го толерира.
Откако Кара задоцнила на училиште по којзнае кој пат, по утринската драма која се одвивала во нивниот дом, мајка и Никол решила да објасни на професорите зошто нејзината ќерка доцни. Напишала
писмо во кое стои :
„До оние кои ова ги засега.
Кара задоцни утрово, како резултат на состојба наречена – тинејџерство. Адолесцентите ширум оваа нација се погодени и за тоа нема лек. Симптомите се многубројни, но ова утро таа страдаше од неможност да се отстрани самата себе од креветот, а и почувствува потреба да се спротивставува на онаа која што и дала живот. Изгледаше дека се оправува, откако беше сведок на фрлањето на нејзиниот мобилен телефон низ прозорот на автомобилот. Ве молам, јавете ми се доколку се случи уште некој испад. “
По ова смешно писмо, мајката на Кара на својот Фејсбук профил објавил статус :
„Горда сум на неа и драго ми е што сум нејзина мајка. Таа само имаше лошо утро. Сепак, сметам дека е важно моите деца да сфатат дека без разлика во кое расположение си, одговорностите си постојат и мора да се биде свесен за тоа како нашите постапки влијаат и на останатите.“
Писмото на Никол било споделено на Love What Matters Facebook Page, и од тогаш има голем број на лајкови и споделувања.
Можеби отсега па натаму Кара никогаш повеќе нема да задоцни на училиште.