Дали има нешто за што Скандинавците не се добри? Покрај сите проекти со кои го изненадуваат светот сега доаѓаат со архитектура која оди во прилог на екологијата.
Неодамна, фирмата „C.F. Møller Architects“ од Данска ги откри плановите за револуционерна зграда која ќе се гради во Копенхаген до 2017 година. Таа ќе биде наречена Меѓународно училиште во Копенхаген и ќе биде најголемо училиште во градот.
Покривите на зградата ќе бидат опремени со 12.000 соларни панели кои ќе обезбедуваат повеќе од половина од електричната енергија која е потребна за училиштето во кое ќе одат 1.200 ученици и ќе работат 280 луѓе.
„Зелениот“ кампус ќе има сè што има и секое друго училиште - сали, кафуле и библиотека.
Освен создавање еколошки корисна енергија, училиштето ќе има предмети за соларна енергија со кои учениците може да ги набљудуваат податоците за производство на енергија и да научат алтернативни начини за производство енергија.