Губење на вашата интернет конекција додека патувате може да биде фрустрирачкo, особено кога се потпиратe на вашиот телефон за да ве информира каде да одите. Без разлика дали сте заглавени во метро под земја или сте го изгубиле вашиот сигнал за време на возење во оддалечена рурална област, ние сите сме се соочиле со ова искуство.
Добра идеја е да се испланираат однапред ваквите видови на ситуации со симнување на мапи за локална употреба офлајн од “Google Maps“. Откако сте ја превзеле областа која ви треба, вие ќе бидете во можност да добиете насоки и да ги видите интересните точки за тој регион, дури и без интернет конекција.
Сепак, постојат некои ограничувања кои треба да ги имате на ум. Вие не може да добиете
информации за пешачење или насоки за велосипед додека сте офлајн, само насоки за возење со автомобил се достапни. Ако не возите, користењето на “Google Maps“ офлајн може да биде корисно за гледање места во близина кога сте заглавени без сигнал.
Исто така, важно е да се запамети дека овие мапи евентуално се со рок на траење, поради тоа што “Google“ треба да ги ажурира, за да бидете сигурни дека тие се точни. За да ги видите областите кои сте ги зачувале и кога ќе истечат, сaмо отворете “Google Maps“, допрете ја иконата на менито и изберете "Офлајн области."
Еве како да ја преземете офлајн мапата:
- Стартувајте ја апликацијата “Google Maps“ на вашиот андроид телефон или “iPhone“. Осигурајте се дека сте најавени од вашиот профил на “Google“.
- Пребарајте го градот што би сакале да го преземете.
- Кликнете на иконата на дното на екранот со името на местото кое го барате.
- Кликнете на копчето што вели "Download".
- “Google“ тогаш ќе ви покаже мапа на областа и ќе ве праша дали сакате да
ја преземете. Кликнете на "Download" повторно за да потврдите.