„Гугл“ неодамна воведе функција која ќе го револуционизира начинот на кој корисниците комуницираат со „Гугл мапс“ на нивните паметни часовници. Оваа иновација овозможува зачувување на податоците од картата офлајн, што значително ги подобрува функционалноста и независноста на уредот од интернет.
„Гугл“ го најави воведувањето на оваа функција, а сега започна и нејзината имплементација. Корисниците на „галакси вач“, кои го користат оперативниот систем „Веар ОС“, се првите што ги искусуваат овие придобивки. Новата функционалност им овозможува да преземаат и да зачувуваат податоци од „Гугл мапс“ овозможувајќи офлајн навигација дури и кога часовникот не е поврзан на интернет или паметен телефон.
Најновата бета-верзија на апликацијата „Гугл мапс“ (11.140.0701.W) на уредите „галакси вач“ им овозможува на корисниците лесно да користат офлајн мапи. По ажурирањето, апликацијата им дава на корисниците инструкции како да ја активираат и користат оваа функција.
Податоците од мапирањето автоматски се преземаат во часовникот кога апликацијата се отвора и се синхронизираат со спарен паметен телефон со андроид-систем. Исто така, офлајн датотеките од вашиот паметен телефон автоматски се префрлаат на часовникот додека се полни и се поврзани на безжичен интернет.
Корисничкиот интерфејс на апликацијата „Гугл мапс“ на часовниците вклучува нов дел „Офлајн карти“, кој се наоѓа над опцијата „Поставки“. Со допирање на овој дел, корисниците можат да ги видат сите преземени области, информации за големината на податоците и опциите за нивно бришење. Управувањето со податоци е можно и преку паметен телефон, користејќи ја опцијата „Управување преку телефон“. Кога часовникот е офлајн, на врвот се прикажува скршена икона на облак, што сигнализира дека нема интернет-врска.
Покрај офлајн навигацијата, паметните часовници добија голем број корисни функции во изминатите неколку години. Тие вклучуваат можност за користење мапи без потреба од поврзување со телефон, опции за јавен превоз, „Срч & гоу“, „Барај мапи“ и „Покажи мапи“. Овие иновации ја прават „Гугл мапс“ уште понеопходна алатка за корисниците на паметни часовници, давајќи им поголема флексибилност и независност при користењето.
Извор: preporucamo.com
Фото: Freepik