X
 05.10.2016 Живот

Стјуардесите споделуваат што посакуваат патниците да престанат да прават

Сите ние имаме досадни навики, а патувањето има тенденција да го изнесе најлошото кај луѓето. Ако имате било какви симпатии за вашите стјуардеси, кои, од ден во ден се сведоци на некои од најекстремните човечки однесувања, ќе се потрудите да ги избегнете.


стјуадреси


Првиот чекор е да знаете што е она што го правите погрешно. За среќа “Bussiness Insider“, ги праша стјуардесите од целиот свет да ги споделат досадните работи, за кои посакуваат патниците да престанат да ги прават, а повеќе од нив беа среќни да раскажат.

Ова е листата на нешта за кои можеби не сте ни свесни дека го правите:



алчност



Станување алчен за просторот за монтажните контејнери за багаж


"Ставате ги куферите во контејнерот над вашата глава, а вашите мали торби под седиштето, така што ние да не се соочуваме со немање на доволно простор и да треба да ги проверуваме вашите торби.


Не поздравување со здраво


"Би сакала патниците да станат свесни за екипажот и да не поздрават кога се качуваат во авион“.


Лош тајминг


Престанете да ни предавате ѓубре во количката за пијалоци или да барате од нас да го земеме вашето ѓубре, додека делиме храна".


ставање нозе


Ставањето на нозете по ѕидови или врз седиштата на другите седишта



"Јас не доаѓам во вашата канцеларија за да ги ставам нозете по вашите ѕидови или на вашата работна маса!"


Прашување "Што имате?


"Буквално постои најава во која ви се кажува каде да го најдете менито. Имаме 100 алкохолни пијалоци, и сакате да ви кажувам за секое поединечно? Додека 200 други луѓе чекаат за нивните пијалоци?"


Не слушање на презентацијата за безбедноста


"Имајте малку повеќе почит за екипажот, додека ние се трудиме да си ја вршиме работата."


Не наведување какво кафе сакате?


Кога нарачувате кафе кажете ми дали сакате крем и шеќер, за јас да не треба да ве прашувам милион пати."


лични работи


Не преземање на одговорност за вашите лични предмети



"Не ги носете вашите рачни багажи во авионот, за потоа да ме прашувате дали може да ги ставам во местото за багаж наместо вас, бидејќи тоа е премногу тешко за самите да го направите тоа."


Окупирање на тоалетите кога гледате дека авионот слетува полека надолу


“Ова доведува до доцнење на летовите."


Со слушалки


"Ве молиме да ги извадите слушалките кога доаѓаме до вас и ве прашуваме дали сакате нешто за пиење."


Ѕвонење на копчето за повик, освен ако тоа е навистина потребно


Не ѕвонете на копчето за повик, кога ние сме најавиле дека стјуардесите треба да седат, веднаш по полетувањето, или за било какви смешни причини".


Допирање на стјуардесите за да добиете внимание


"Јас сум била допрена со бодеж и тегната премногу пати за да се сеќавам на сите тие ситуации."


сигнал за безбедносен појас


Станување за користење на тоалетот кога знакот за безбедносниот ремен е активиран



"Кога ќе ве потсетиме дека знакот е активен, тие обично реагираат со некоја верзија велејќи: "Но, морам да одам. Па, освен ако не сте на возраст од 2 години, зарем треба да чекате до апсолутно последниот момент за да го користите тоалетот? "


Размислување дека светот доаѓа до својот крај, затоа што не сте го имале првиот избор за оброк


"Тоа е авионско возење, а не хотел или ресторан со пет ѕвездички. Престанете да се жалите за состојбата дека добивате втор избор на оброк".


Земање на право


"Престанете да се обидувате да дојдете до подоброто седиште."


одење бос
"

Одење боси



Ве молам, ве молам, ве молам, престанете да одите во тоалетот боси, па дури и само со чорапи. Дали некогаш сте оделе во јавен тоалет боси? Не. Ви благодарам, господине, за апсорбирање на урината од подот со вашите чорапи".


Барање на пенкало


"Не ме прашувајте мене за моето пенкало. Носете ваше сопствено. Тешко е да се верува дека некој патува низ светот без пенкало“.


Кршење на прстите


"Извинете госпоѓице! Секој пат, во секое време функционира“.


јога


Галија за јога



Станување со желба да сакате да се истегнете во нашите галии, како да е студио за јога или да сакате да стоите во нашите галии е досадно. Галијата е единствената наша работа област, и ние немаме каде да одиме, бидејќи нашите седишта се во галијата покрај шкафчињата".


Вознемирување од стјуардесите за нешта што се јасни дека не се наша вина


“Се согласувам дека е непријатно вашиот лет да биде откажан или дека сте заборавиле нешто важно. И јас требаше да одам дома и да гледам концерт. А сега сум затворена во мала метална туба, а вие се “дерите“ на мене.


Очекување дека стјуардесите ги имаат сите информации од капетанот-пилот


"Ние знаеме можеби само 5 проценти од она што тие го прават. Ние не знаеме колку лошо е времето, зошто избираме нов пат, или зошто не можеме да слетаме порано. Но, верувајте дека тоа е за ваша безбедност!"
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот