X
 28.10.2025 Живот

Земјата што генерацијата З ја нарекува најдосадна, патниците ја опишуваат како скриен зимски бисер

Со години Парагвај е земјата која е озлогласено наречена „најдосадното место на Земјата“. Сместена помеѓу јужноамериканските гиганти Аргентина и Бразил, честопати е нарекувана „досадна“ и „безлична“ земја од страна на инфлуенсери од генерацијата З и блогери за патувања. Но, еден експерт за патувања тврди дека Парагвај е целосно погрешно разбрана земја и има сè што ви треба за совршен семеен зимски одмор, благодарение на богатата историја и просечните дневни температури од 32 °C во декември.

Сајмон Худ, извршен директор на меѓународната компанија за селидби „Џон Мејсон интернешнл“, вели дека земјата со шест милиони жители нуди бегство од вревата на секојдневниот живот.

- Денес ја пропуштаме суштината на одморот, а тоа е да се опуштиме и да се наполниме со енергија. Влијателните лица на социјалните мрежи создадоа слика дека секој одмор мора да биде авантура, кога всушност станува збор за повторно поврзување и заслужен одмор од секојдневниот живот, а тоа е она што го нуди Парагвај - вели Худ.

@camboimnews

Iglesia Nuestra Señora de la Inmaculada Concepción. 3,8. (9) ..

♬ DtMF - Bad Bunny
Предности во однос на популарните одморалишта

Худ вели дека земјата без излез на море, која не е позната по својот туризам, има неколку предности во однос на преполните одморалишта. Во 2024 година само 2,2 милиони луѓе ја посетиле латиноамериканската земја.

Меѓу главните препораки на Сајмон Худ се две локации што можат да се посетат и од Аргентина и од Бразил. Тоа се водопадите Игуасу, место на светското наследство на УНЕСКО со патеки низ џунглата и возење со брод, и мочуриштата Пантанал, познати по сафари и набљудување фламинга. Тој, исто така, ги охрабрува туристите да го посетат Сан Бернардино, источно од главниот град Асунсион, регион исполнет со речни плажи и барови.

Прифатливи цени

Друга голема предност се цените. Според „Нумбео“, јадењето надвор може да биде до 75 проценти поевтино, при што просечниот оброк во ресторан чини околу 4 евра. Трошоците за живот во Парагвај се  62-70 проценти пониски отколку во Соединетите Американски Држави, на пример.

Пет интересни факти за Парагвај

Парагвај има „невидливи плажи“ - иако нема море

Иако Парагвај е земја без излез на море, градот Енкарнасион е познат по своите песочни речни плажи, кои локалното население ги нарекува „Парагвајско Море“. Во лето, земјата е домаќин на фестивали, вечери со диџеи и забави на плажа - вистинска егзотика без океан.

Парагвај се наоѓа на еден од најголемите заливи на свежа вода во светот

Под земјата се наоѓа водоносниот слој Гуарани, огромен резервоар на свежа вода што го делат Бразил, Аргентина и Уругвај. Ова го прави еден од најважните природни ресурси на планетата - и една од темите што сè повеќе се појавуваат во дискусиите за екологија на „Тик-ток“.

Парагвај е неочекувано популарен во гејмингот и технолошката заедница

Благодарение на стабилната интернет-инфраструктура и ниските трошоци за живот, сè повеќе дигитални номади и стримери го избираат Парагвај како база за работа. Постојат цели групи на „Редит“ и Дискорд“ посветени на „дигиталниот емигрантски“ живот во Асунсион.

Луѓето во Парагвај пијат ладен чај - постојано

Најпознатиот пијалак се нарекува „терере“ - тоа е ладна верзија на јужноамериканскиот пијалак „мате“, кој Парагвајците го пијат насекаде: на универзитет, на работа, во парк. „Терере“ е толку важен што има свој национален ден!

Парагвај има своја инди и рок-преродба

Во Асунсион и Енкарнасион во раст е сцената на млади бендови кои комбинираат инди-рок со латино-ритми. Фестивали како „Километро Серо“ привлекуваат илјадници млади луѓе од целиот регион.

Извор: index.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот