X
 06.10.2016 Живот

Мајка одложува хемотерапија за да го роди своето бебе

Ким Виланкорт почувствувала силни главоболки за време на Божиќните празници. Бидејќи била бремена и била загрижена за здравјето на детето, се решила да закаже лекарски преглед. На доктор добила вознемирувачки вести. Боледувала од глиобластома, агресивен рак на мозокот. Имала развиено два тумори во мозокот – едниот на фронатлниот лобус, а другиот на основата на мозокот. 20 недели бремена, Ким била веднаш однесена на операција за отстранување на туморите. 

 

 

 

Разумно би било во тој период Ким да и стави крај на бременоста, бидејќи морала да се изложува на хемотерапија, зрачење за да си го спаси животот. Но, Ким била решена да го задржи и своето бебе. Не само што одлучила и да го роди, туку и да го носи во својата утроба онолку колку може, иако тоа значи дека си го ризикува сопствениот живот.

Ким ја одложувала хемотерапијата и зрачењето, бидејќи нејзиното бебе за неа било приоритет. По операцијата, таа одела на магнетна резонанца за да се извршат проверки дали туморите се прошируваат.

И покрај лошите прогнози и ризикувањето на сопствениот живот,
Ким го роди својот син Вајат Илај еден месец порано од терминот.

Ким и нејзиниот сопруг го нарекуваат Вајат, “чудо од бебе“ кој вусшност и го спасил нејзиниот живот, бидејќи таа никогаш не би се јавила на лекар навреме доколку не била бремена.

По раѓањето на Вајат, Ким повторно е изложена на зрачење и хемотерапија.

Ким и нејзиниот сопруг имаат и две други дечиња рајан И Хејли, а посвоиле уште други три Камила, Џоси и Кали. Децата се посвоени еден ден пред Ким да се јави на лекар заради силните главоболки.

Лекарите велат дека ваквата дијагноза може да се повтори и тоа за само една година. Но, Ким вели дека сега се моли за што повеќе време поминато со своите деца. Се помирува и со веројатноста дека болеста можеби повторно ќе се врати. Задоволна е што ги има покрај себе
своите деца и грижливиот сопруг кој е нејзина најголема поддршка.

Таа вели дека единствено сака нејзините деца да се сеќаваат на неа со многу љубов.


 

 


Името на “чудото од бебе“ Вајат Илај всушност значи – млад храбар воин, испратен од Бога.
Подготвил: Маја Пероска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот