Американскиот војник Џон Гонсалвес, стациониран во Германија за време на Втората светска војна, испратил писмо до својата мајка во Масачусетс, но тоа било доставено 76 години подоцна.
Џон го испратил писмото на 6 декември 1945 година, по официјалниот крај на војната.
- Драга мамо, денес добив уште едно писмо од тебе и среќна сум што слушнав дека сѐ е во ред. Што се однесува до мене, добро сум. Но, што се однесува до храната, најчесто е прилично лоша - напишал тој во писмото.
Писмото го примила неговата сопруга Анџелина Жан Гонсалвес по 76 години. Писмото било препратено од поштата во Питсбург и адресирано до мајката на Џон Гонсалвес, која исто така се викала Анџелина, но починала одамна.
Џон бил повикан во армијата во 1943 година и таму поминал три години. Тој починал пред шест години и поминал 61 година во брак со Жан. Неговата вдовица открила дека се запознале по пет години откако тој ѝ го испратил писмото на својата мајка.
- Не можам да верувам. Неговиот ракопис и сè, неверојатно - изјавила таа и вели дека писмото изгледа како поздрав од небото.
Фото: Screenshot/YouTube