X
 09.11.2015 Живот

Разговорот на близнаците во утробата на нивната мајка

бебе

 

Во утробата на една мајка се наоѓале две бебиња. Едното го прашало другото: „Дали веруваш во живот после породување?“, на што другото одговорило: „Па секако. Мора да постои нешто после породувањето. Можеби сме тука да се подготвиме за она што ќе бидеме подоцна“.


„Глупости“, рекло првото. „Не постои живот после породувањето. Каков живот би бил тоа?“

Второто рекло: „Не знам, но сигурно ќе има повеќе светлина отколку што има тука. Можеби ќе одиме со нашите нозе и ќе јадеме од нашата уста. Можеби ќе имаме сетила за кои не разбираме сега“.

„Тоа е апсурдно. Невозможно е да се чекори. И јадење со нашата уста? Смешно. Папочната врвца не` снабдува со исхрана и се` она што е потребно. Но таа е кратка“, рекло првото бебе.

Второто инсистирало: „Мислам дека постои нешто и можеби е различно од тука. Можеби нема да ни треба папочна врвца“.

„Глупости. И згора на тоа, ако постои живот тогаш зошто никој не се вратил од таму? Породувањето е крајот на животот, а после породувањето не постои ништо освен темнината и тишината и заборавот. Ќе не` однеси никаде“, рекло првото.

„Не знам, но сигурно ќе ја сретнеме нашата мајка и таа ќе се грижи за нас“, рекло второто.

„Мајка? Ти веруваш во мајка? Тоа е навистина смешно. Ако мајката постои тогаш каде е таа сега?“, со потсмев му рекло првото.

„Таа е насекаде околу нас. Ние сме опкружени со неа. Ние сме дел од неа. Во неа живееме. Без неа светот не би постоел“, рекло второто.

„Јас не ја гледам, такашто логично е таа да не постои“, се намуртило првото, на што второто веднаш возвратило: „Понекогаш, кога е тишина и кога убаво ќе се фокусираш, можеш да го согледаш нејзиното присуство и да го слушнеш нејзиниот прекрасен глас, кој зборува одозгора“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот