X
 06.10.2016 Живот

Совети за патувањата низ Европа

За патувањето низ европските земји ви помине без компликации секогаш на ум треба да имате одредени важни напомени.


 

Европа не е “егзотично“ метсо, па затоа не треба да се очекуваат поголеми проблеми за време на патувањата. Сепак, неколку препораки не се на одмет.

Не се потпирајте премногу на кредитните картички


Нормално дека со нив ќе плаќате во повеќето продавници и ресторани, но во кафулињата и продавниците за сувенири често нема да можете да ја користите вашата кредитна картичка. Затоа, секогаш со вас носете и готовина.


Облека

Ако знаете дека тој ден ќе посетите храмови и цркви, земете нешто и со долги ракави.


Одење на првата организирана тура на која ќе налетате


Доколку веќе сте се одлучиле на тура низ градот, без разлика дали е со автобус или шетање или пак разгледување со водич, распрашајте се пред тоа колку таа тура е добра. Затоа што има многу понуди, а не вие не мора да бидете оние првите кои ќе платат најмногу, за нешто што не е исплатливо и вредно.

Не очекувајте бесплатна вода

Водата можеби на многу места ќе биде бесплатна, но не се изненадувајте ако ја има во сметката. Истото важи и за лебот.


Учење на основните зборови од змејата во која патувате

Убаво е да се потрудите да научите барем како се вели “благодарам“, “молам“ или “добар ден“ во земјата која ја посетувате. На тој начин ќе покажете почит спрема домаќините, а ова многу би ви помогнало и во помалите места, каде што не знаат добро наглиски јазик.

Носење на преголем куфер

Заборавете на тоа. Земете патна торба со просечна големина. Бидете рационални, бидејќи не ви трба којзнае што за престој од неколку дена во некој друг град.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот