X
 07.10.2024 Живот

Европска земја во која нема ни аеродром ни железничка станица

Малото кнежество Андора е меѓу ретките земји во Европа што немаат аеродром.

Други европски земји без аеродром се Лихтенштајн, Монако, Сан Марино и Ватикан.

Андора е земја без излез на море, на Пиринеите меѓу Франција и Шпанија, и опфаќа 460 квадратни километри. Најблиските аеродроми до Андора во Шпанија се Андора-Ла Сеу д'Ургел во Каталонија, Леиуда-Алгуаире и Жирона-Коста Брава.

Не само што Андора е без аеродром, туку оваа земја нема ниту железничка станица. Најблиската железничка станица се наоѓа во Франција, на оддалеченост од 24 километри.

andorra
Фото: Freepik

И покрај предизвиците поврзани со пристигнувањето, Андора и понатаму е популарна локација меѓу туристите. Бројките за ноќни и дневни посети на Андора објавени од „Статиста“ покажуваат дека во 2021 година ја посетиле над 5 милиони луѓе, што е последната година за која се прикажани вакви податоци.

Земјата е кнежество уште од средниот век, предводена од двајца шефови на државата - бискупот од Ургел во Шпанија и претседателот на Франција.

Извор: Express.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот