Правило
од пет секунди – ако храната која ќе
падне на подот ја подигнете за најмногу
пет секунди можете да ја конзумирате.
Но,
дали ова правило е вистинито? Бактериите
можат да се пренесат на храната за
помалку од една секунда, според научниците
од Универзитетот во Њу Џерси, во зависност
од површината на која храната паднала,
како и во зависност од храната и влагата
која ја содржи.
Правилото од пет секунди не
е научно докажано и е само една обична
изрека.
Сето ова било потврдено откако
бил спроведен експеримент на четири
видови храна : лубеница, леб, леб намачкан
со путер и гумени бонбони. Храната била
испуштена на површини од нерѓосувачки
челик, керамички плочки, дрвена површина
и тепих и тоа во времетраење од помалку
од секунда, пет секунди, 30 и 300 секунди.
Површините биле контаминирани
со бактерија слична на салмонелата.
Извршени биле 2.560 мерења со сите видови
на храна, на сите површини и временски
комбинации.
Лубеницата која е речиси 90
проценти составена од вода покажала
највисока стапка на загаденост, додека
пак гумената бонбона најмала. Бидејќи
бактериите се движат со влагата, затоа
кај лубеницата се пренеле најбрзо, а и
површината на лубеницата е поголема од
онаа на останатите видови храна.
Важен е и видот на површината
на која паднала храната – храната која
паднала на тепих имала најмала стапка
на загаденост додека пак, храната која
паднала на плочки и на челик имала
поголема стапка на загаденост. Што се
однесува до дрвената површина, вредностите
биле варијабилни.