X
 15.05.2017 Здравје

Намирници што може да им штетат на Вашата меморија

Храната е тесно поврзана со механизмите во човековиот организам, а меѓу нив е и работата на мозокот и меморијата. Така, некоја храна влијае позитивно, а некоја негативно, дури може да бидете изложени на поголеми ризици од Алцхајмерова болест или деменција.

Ако сакате да го заштитите мозокот од губење на меморијата, еве која храна треба да ја избегнувате:

Преработено сирење – овие ги вклучуваат американското сирење и моцарела стапчињата. Тие се изградени од протеини кои го зголемуваат ризикот од губење на мемотијата и Алцхајмерова болест.

Пиво – ако пиете пиво секоја вечер со Вашите пријатели, а сакате да си ја зачувате меморијата, време е да поставите граници. Повеќето пива кои се достапни денес содржат нитрати, кои исто така го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест.

Пуканки од микробранова – Вашата омилена закуска за време на гледање на филм содржи диецитал што е хемикалија која произведува амилоидни плаки кои остануваат во мозокот, и нивната акумулација предизвикува Алцхајмерова болест.

Преработено месо – генерално, сѐ што е преработено е лошо за Вашето здравје, вклучително и месото. Нитрозамините се состојки во обработеното месо кои може да предизвикаат црниот дроп да генерира масти кои го трујат мозокот.

Ако сакате да ја подобрите меморијата, консумирајте здрави масти и посни протеини. Исто така осигурајте се дека сте внеле доволно витамини и минерали, а избегнувајте јаглени хидрати и шеќери.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје