Работата на стјуардесите неретко се замислува како гламурозна – патувања во странство, бесплатни летови, средби со познати личности, динамика и возбуда. Но, повеќе од веројатно е дека ќе го промените мислењето откако ќе прочитате на какви чудни ситуации тие се изложени дневно.
Британскиот магазин
The Sun објавува неколку примери од секојдневието на стјуардесите.
Една жена одбила да патува без нејзиното милениче
Многу американски компании им дозволуваат на патниците да летаат со своите „миленици за емотивна поддршка“. Додека повеќето луѓе би одбрале мачка или куче, една жена се решила за мисирка. Ова необично милениче имало свое седиште и морало да биде превезувано низ аеродромот во количка.
Ужасен мирис од измет поради кој авионот морал да слета порано
Ова звучи многу необично, но е вистински настан. Еден авион што летал од лондонскиот аеродром Хитроу до Дубаи бил принуден да се врати назад. Мирисот од измет во авионот бил толку лош што членовите на персоналот не можеле да продолжат да работат нормално. Абишек Сакдев, еден од патниците, на социјалната мрежа Твитер напишал: „Лудило. Нашиот авион што леташе кон Дубаи се врати во Хитроу поради мирисот на измет од тоалетот. Пилотот најави дека бара некој од постарите членови на екипажот во кабината и знаевме дека нешто е малку чудно. По 10 минути тој рече ‘Можеби забележавте дека прилично лош мирис доаѓа од еден од тоалетите.’ Кажа дека се работи за течен фекален измет. Токму тие зборови ги употреби.“
Има патници што прават храна во тоалетот
Храната во авионите е лоша, па веројатно и заради тоа еден патник решил да си го направи својот оброк во тоалетот. На интернет платформата за прашања и одговори – Quora, поранешната стјуардеса Хедер Вајлд опишала настан што лично таа го доживеала. Имено таа на еден од своите летови фатила еден од патниците како се обидува да си направи супа со вода од авионот. Хедер понатаму пишува дека цевките за вода во авионот не се чистат воопшто.
Најчудниот случај со доење за кој некогаш сте слушнале
Доењето во јавност е контроверзно во повеќето нормални ситуации, но жена што дои мачка во авион е веројатно најчудната варијанта што сте ја слушнале. Поранешна стјуардеса на страницата за прашања и одговори на Yahoo опишува дека една патничка ја прашала дали ќе биде во ред да го дои своето милениче за време на летот. Барањето нормално било одбиено.
Има мрзливи патници што не губат време да дојдат до тоалетот
Еден патник веројатно бил доволно мрзелив да оди до тоалетот, па уринира во празно шише од Кока Кола