Белите авиони се норма. Тоа не е без причина. Имено, науката и економијата нудат многу причини поради кои авионите не би смееле да изгледаат како калеидоскоп. Штета...
Џон Хансмен, професор на МИТ, на одделението за аеронаутика и астронаутика, објаснува дека белата боја најдобро ја рефлектира сончевата светлина и ја одржува ладна кабината на пилотот. Особено е важно да се заштитат пластичните делови на авионот и композитните материјали од сонцето.
Според истражување од 2011 година, птиците полесно ги забележуваат белите авиони. Студијата покажала дека белите авиони имаат помалку судири со птици од сините авиони. Студијата сугерира дека нашите перјести пријатели можат полесно да ги забележат белите авиони и да се оддалечат.
Белата боја исто така е визуелна помош за луѓето. Белината прави да може полесно да се видат сите пукнатини и гребеници, што, кога станува збор за авионите, и тоа како е важно.
Меѓутоа, науката е само едната страна на приказната.
Кога се потребни 65 галони боја за да се прекрие цел авион, тогаш морате да бидете паметни со она што го правите. Едноставно, белата е стандардна, евтина боја. Ако сакате својот авион (секако, доколку го имате) да го офарбате во некоја боја, која и да ја изберете ќе оксидира и ќе избледи. За авионот да биде убав, потребно е почесто да се фарба, за што, нормално, се потребни повеќе пари.
Исто така, белите авиони ќе ги продавате побрзо од обоените авиони. Доколку ги
имате.