X
 10.06.2021 Наука

Светот има нов, петти океан, според „Нешнл џиографик“

„Нешнл џиографик“ прави мапи од светот од 1915 година, а на секоја од мапите има четири океани. Ова се океаните што добро ги знаеме - Атлантскиот, Тихиот, Индискиот и Северниот Леден Океан, односно Арктичкиот. Списанието сега има нова мапа на која има петти океан во близина на Антарктикот. Тој официјално се нарекува Јужен Океан.

Списанието официјално го признава новиот океан како петти од 8 Јуни, Светскиот ден на океаните.

Додека другите океани се издвоени едни од други со континенти, Јужниот Океан се граничи со северните океани со брза струја што кружи околу Земјата од запад кон исток околу Антарктикот. Водите јужно од таа граница се постудени и еколошки различни, а водата е помалку солена, според списанието. Во нив живеат илјадници видови кои не може да се најдат на друго место на Земјата.


Фото: National Geographic

Како што пишуваат од „Нешнл џиографик“, Јужниот Океан долго време бил признаван од страна на научниците, но не бил официјално признаен како посебен океан бидејќи никогаш не дошло до меѓународен договор за тоа.

Списанието се надева дека ќе го промовира зачувувањето на диверзитетот во Јужниот Океан со привлекување на вниманието на јавноста. Со децении експертите се загрижени за влијанието на индустрискиот риболов врз одредени видови риби во океанот.

Извор: National Geographic
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука