X
 19.11.2019 Живот

НАСА им платила на Русите речиси 4 милијарди долари

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) од јули 2011 година ѝ платила 3,9 милијарди долари на Русија за превоз на астронаути до Меѓународната вселенска станица (ИСС) и назад, стои во новиот извештај на агенцијата.

Во текот на изминатите две децении се транспортирани 239 астронаути до ИСС во 85 лета во рамките на американската програма наречена „Спејс шатл“ и руски „Сојуз“.

- Од завршувањето на програмата „Спејс шатл“ во 2011 година, „Сојуз“ служеше како единствено средство за транспортирање астронаути до ИСС и назад - стои во извештајот.

НАСА прецизира дека за 70 места платила 3,9 милијарди долари и дека тие се искористени за астронаути од САД и од партнерски земји.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот