X
 12.10.2016 Живот

Прогноза за времето во наредните 5 дена

Денес е среда, 12 октомври 2016 година, 286-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:37, а ќе зајде во 18:00 часот. Денот ќе трае 11 часа и 22 минути.



Во утринските часови имаме претежно облачно време, а локално и со слаби врнежи од дожд. Исто така треба да се напомене дека по котлините и долините на реките има и појава на магла.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд но со многу послаб интензитет во однос на вчерашните и потопло време. Попладне врнежите ќе престануваат и постепено намалување на облачноста. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер кој во западните предели ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 8 до 15 степени, додека пак максималните дневни од 11 до 19 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток по студеното и магловито утро со утрински температури кои ќе се движат од -2 до 8 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност со максимални температури од 11 до 20 степени. Претежно сончево со локална облачност и потопло време во петок, кога максималните температури ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Во сабота зголемување на облачноста, умерено облачно време и дневни температури од 14 до 23 степени. Во недела услови за повторно дестабилизирање на времето, умерено облачно со услови за врнежи од дожд попладне и пад на максималните температури кои ќе се движат од 11 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот