X
 13.03.2017 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е понеделник, 13 март 2017 година, 72-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:44, а ќе зајде во 17:41 часот. Денот ќе трае 11 часа и 57 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме претежно облачно но и посвежо време. Слаби врнежи од снег кои што постепено престануваат ги има над 800 метри надморска висина во делови од западните и југозападните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во понеделник не очекува постудено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -4 до 5 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и свежо време со дневни температури кои што во најголем дел од Македонија ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се движат од 3 до 14 степени. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и малку потопло со благ пораст на дневните температури. Минималните од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 15 степени. Умерено облачно време со сончеви периоди ќе биде и во среда и четврток кога сѐ уште ќе имаме свежи утра со утрински температури од -4 до 5 степени односно од -4 до 4 степени, додека пак максималните температури ќе се движат од 3 до 14 односно од 5 до 16 степени. Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и малку потопло време. Минималните температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот