X
 15.10.2016 Живот

Како изгледа студентската менза во Сплит-Хрватска?

Најголемата студентска менза во сплитскиот кампус беше отворена пред две недели, а секој ден угостува 25.000 студенти. Вработените се уште се вклопуваат, но проблеми нема, открива менаџерот на мензата, Анте Ковачевиќ.


менза


„Студентите добро ја прифатија новата менза, а за тоа бројките зборуваат. Нив им е најважна брзината. Постојат редови, но се само две линии, па оди побрзо. Имаме 320 седишта, но не е проблем да се најде слободно место"-рече Ковачевиќ.

Околу пладне се создава доста голема толпа. Неколку стотици студенти побрзаа за ручек. Во двете линии ги имаше по триесет. Сите се мирни, тивки и љубезни. Трпеливо чекаат на ред за да го платат оброкот. Нема брзање, викање и нервоза.


Сплит


Во кујната тоа време работното време,завршува. Што се зготвило се зготвило. Се пржи нешто ситно, но најголемиот дел од работата и подготовка на оброците е завршена.

Сплитските студенти се хранат за иста цена како и на другите места во Хрватска, а и менито е исто.


Цените се идентични. Менито е направено според цела земја. Понудата е насекаде иста. Некои центри преферираат одредени јадења во зависност од регионот. Во нашата земја е постојано актуелно чорба со говедско месо со кнедли, за Петок многу риба, стек, туна, пастрмка, црвена риба. Денес студентите јадат најмногу пилешко, полнет пилешки стек, пилешко на сакара, повеќе брза храна, како помфрит. Колку ние да сакаме да јадат здраво, тие јадат она што сакаат"- објаснува Ковачевиќ.


мени


На влезната врата, истакната е понудата на денот. „Вегетаријанско мени? Што е тоа?", запраша зачудено еден студент. Така еден млад човек секој ден учи нешто ново.

Економска цена од 45 куни

Во ресторанот може да се хранат и оние кои не се студенти, но тие ќе добијат поскапи оброци.


студенти


„Ние, исто така, имаме дел каде што обезбедуваме услуги за ручек по економска цена од 45 куни. Цена за Ручек без X-ici (студентски хрватски картички за попуст на одредени услуги и производи) е нешто повеќе од 22 куни, а со X-ici 6.5 куни. Тука е и субвенцијата од 71 проценти. Во понудата имаме два оброци со месо и едно вегетаријанско мени. Ние нудиме и јадења, кои не се на менито. Малку поскапа е порција на месо надвор од менито и чини 3- 4 куни со X-ici"- изјавил Ковачевиќ.

Сите сплитски мензи подготвуваат оброци

Сплит има голем број на студентски мензи во кампусот, ги содржи и мензите за студентите на Економски и Градежен факултет. Се служи ручек и вечера во голема менза. Надвор од кампусот, студентите јадат во центарот на градот, а постои и менза на Медицинскиот факултет.


студентска менза


Ректорот Симе Анџелиновиќ изјавил дека размислува за насочување односно храната да се подготвува на едно место.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот