Студентите што живеат во студентскиот дом „Бруно Бушиќ“ во Сплит може да се пофалат со нова бесплатна вежбалница која ќе им биде достапна во текот на целиот ден.
Вежбалницата е поделена на две простории - едната за вежби со тежина, а другата за кардио-вежби. Во просториите има и огледала, но и поглед на Каштеланскиот Залив.
Ова е само еден начин на кој студентскиот дом го подигнува стандардот за студентите. Неодамна во сите соби биле поставени огледала и ормани за обувки на балконите, а во дворот на студентскиот дом се гради надворешен камин.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија:
Studentski centar Split