X
 20.10.2016 Образование

Македонските студенти најпосакувани на италијанските престижни факултети

На неколку дена од седмиот по ред саем за стипендии


„Студирај во странство 2016 “ ќе се одржи на 22 октомври во хотелот „Континентал“. Најголемиот приватен италијански универзитет „Католика“ на македонските студенти годинава им нуди единствена можност да студираат во Милано, Италија (Линк до агендата за настанот), а за некои од нив обезбедени се и стипендии. Маја Петрушевска, основач на компанијата EAM од Скопје, која е официјален претставник на Универзитетот „Католика“ во Скопје, вели дека oва е навистина ретка можност да се студира или да се седи во истата клупа каде што студирале поранешниот премиер и претседател на Европската комисија, Романо Проди, поранешниот претседател на Италија, Оскар Луиџи Скалфаро, претседателoт и основач на „Ени“, Енрико Mатеи, Габриеле дел Торчио (потпретседател „Ал Италија“ и извршен директор), многубројни министри од разни сектори, како и директори на водечки компании, како Banca Popolare Италијана, „Барила“, „Трусарди“, „Луј Витон“ и други.



„Католика“ е најголемиот приватен универзитет во Европа и може да се пофали дека во моментов има околу 50.000 студенти на 12 факултети. За овој универзитет велат дека сам ги отвора вратите на успехот и нуди повеќе од 200 програми на италијански и англиски јазик. Станува збор за најголем приватен универзитет во Европа по општествени, хуманистички студии, право и медицина - 3 степени за додипломски студии, постдипломски и докторски студии.

Оние што се интересираат, „Католика“ е универзитет кој не прави разлика од каде доаѓаат студентите, но признаваат дека студентите од Македонија се едни од најпосакуваните.

Илирија Боси, одговорна во секторот за странски студенти, вели дека досега најдобар успех постигнуваат токму нашите деца и поради тоа за нив е задоволство да доделат стипендии.

Таа додава дека во канцеларијата за поддршка во „Скопје ЕАЦ“, која се наоѓа во скопско Дебар Маало, за мултидисциплинарната наставна програма може да ги добијат сите информации за стипендирање што „Католика“ со задоволство ги нуди.

На „Католика“ се понудени речиси 200 програми на италијански јазик а, нудат и додипломски, постдипломски, летен семестар со програми на англиски јазик. Имаат и стипендии врз основа на заслуги резервирани за Македонија, едноставно треба само да се аплицира за стипендија и во исто време и за одредена програма!



Се студира на англиски јазик, и тоа за дипломски студии по економија, менаџмент, медицина и хирургија, меѓународни односи и дипломатија.

Постдипломското ниво е за едногодишни специјалистички студии и 2 години мастер-програма. Се разбира, на „Католика“ се нудат повеќе области, како менаџмент, финансии, бизнис, енологија, агробизнис, блискоисточни студии и друго. За докторати ги нудат областите од економија, право и агрoекономија.

Стипендијата за нашите студенти може да се наменети за износот на школарината, како и стипендии за покривање на трошоците за сместување, но тие се доделуваат само на одреден број македонски студенти што имаат особен успех и достигнувања. Секоја година има по десетина македонски студенти што имаат поддршка од овој универзитет. Постои можност и за понуда за професионална пракса како дел од студиската програма, а кај специјалистичките мастер-студии праксата е платена.

Универзитетот се состои од 5 кампуси. Кампусот во центарот на Милано е најголем. Милано е економски, финансиски и индустриски град во срцето на Италија. Тој е седиште на многубројни мултинационални корпорации и светски познати брендови. Студентите од „Католика“ се во идеална позиција да работат како практиканти во глобалните компании и по завршувањето на студиите да најдат работа кај најдобрите работодавци. Апликациитe за една година и две години постдипломски програми се отворени!

Овој универзитет им укажа чест на македонските студенти преку отворен конкурс да аплицираат за стипендии во канцеларијата за поддршка ЕАЦ во Скопје.

Највисоки оценки за Cattolica

Според „Трип адвајзор“, „Католика“ вторпат доби признание за зачувано историско место. „Католика“ во Милано е интернационална средина, има студенти од целиот свет. World university ranking 2015 ја вбројува „Католика“ во 200-топ универзитети во светот во 10 дисциплини, економија и право е во првите 150 и во рангот на медицината од 151. до 200. место.

„Католика“ има висока оценка - 79,6 за економија и економетрија, а за aгробизнис ja имa највисоката оцена или 89,6 поени.

Нарашанова: Ваков универзитет се сонува

Во моментов во срцето на Милано има десетина македонски студенти, една од нив е и Ивана Нарашанова, таа вели дека светот станал поубав и поразбирлив откако е во Милано.



- Секогаш сама се борев за тоа што го сакам. Така беше и за Cattolica, на моите родители им преостана само да ми посакаат среќа оти јас мојот професионален предизвик го најдов овде. Што да кажам, освен дека за ваков универзитет се сонува, сите врати и информации ми стојат на располагање, тука знам дека професорите мене ми стојат на располагање во секое време. Во „Католика“ студентот е центарот на вниманието, во секое време, ако имам потреба, можам да му се јавам, дури и на мобилен телефон, на професорот, но признавам - тоа ретко се случува - вели Нарашанова, која годинава ќе дипломира.

Додипломски студиски програми

Корпоративна комуникација (Милано-кампус)
Меѓународен бизнис (редовни или извршниот) (Милано-кампус)
Меѓународен маркетинг-менаџмент (Милано-кампус)
Меѓународниот сценаристичкиот и производство (Милано-кампус)
Управување со луксузни стоки - EMLUX (полно работно време или скратено работно време) (Милано-кампус)
Уметност управување (Милано-кампусот)
Меѓународна соработка и развој (Милано-кампус)
Меѓународни односи (Милано кампус)
Блискиот Исток студии (Милано-кампус)
Стратешки менаџмент за глобален бизнис (Милано-кампус)
Лозарство и винарство (Пјаченца - Кремона-кампус)
(второ ниво, напредно) економија и финансии (Милано-кампус)

Англиски предавања на двегодишните магистерски студиски науки и програми (м-р)

Сите м-р степени почнуваат во септември 2016 година.
Банкарство и финансии (Милано-кампус)
Економија (Милано-кампус)
Менаџмент (Милано-кампус)
За земјоделство и храна економија (Пјаченца – Кремона-кампус)
Меѓународен менаџмент, законодавство и општество (Пјаченца – Кремона-кампус)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование