Би сакале ли да ги посетите десетте најубави локации во Италија каде што фотографиите што ќе ги направите ќе бидат исти како за на насловна страница од списание. Природните убавини и шареноликоста на овие места тоа ви го овозможуваат и без многу трудење.
Руините во Рим, романтичната Венеција и градовите во Чинкве Тере секогаш се материјал за исклучително добри фотографии.
Ова се десетте места во Италија од каде се направени неверојатни Инстаграм фотографии.
Бурано – место како од бајка со шарени куќички, првично наменети како водич кон своите домови за рибарите кои пловеле ноќе
Монте Исола, езеро Исео – се поатрактивно место за туристи, со оглед на тоа дека локален артист поставил инсталација која им овозоможува на туристите да “чекорат по вода“
Гроте ди Фрасаси – пештери кои изгледаат како да се од одруга планета
Базилика Сан Витале, Равена – спектакуларна црква изградена во 526 година
Алберобело, Апулиа – нема зборови за да се опише убавината на овие куќи на кои се испреплетени прекрасни цвеќиња
Флоренс Дуомо – еден д најдобрите панорамски погледи кон градот
Каскате дела Мормоне, Умбриа – највисокиот водопад во Европа направен од човекот
Монте, Рим – на мала оддалеченост од Колосеумот, се наоѓа дистриктот Монти со прекрасни објекти и куќи, совршени за фотографирање
Села Пас, Доломитес – една од најубавите планини
Модика, Сицилија - “градот на чоколадата“, што е доволна причина за да се посети ова место