Вода - ова беше темата на годинашниот фотонатпревар „ХИПА“. Наградите беа објавени на 7 јуни, а големата награда вредна 120.000 долари отиде во рацете на Јасмин Кери од Австралија за нејзината прекрасна фотографија од кит-мајка како спие покрај нејзиното младенче.
- Кога облаците почнаа да излегуваат, навистина ја омекнаа светлината и расположението во водата. Животните како да беа свесни за нашето присуство, но не дозволија тоа да ја спречи нивната врска. Гледајќи ја сцената, знаев дека е магична и се надевав дека успешно ќе ја доловам - изјави Кери.
- Близината до китовите е прекрасно искуство. Да се види
животно со големина на автобус е признание за твоето постоење и љубопитноста во тебе. Сите емоции еруптираат одеднаш, а сепак се чувствуваш како да си се „исчистил“ од сите животни проблеми, тежината на твојата душа се топи - додаде таа.
Погледнете ги и другите фотопобедници.