X
 25.05.2017 Живот

Модерно ропство во Италија

Сопругот на Паола Клементе уште се сеќава на двата аларми кои таа ги навивала , за секој случај, за да се разбуди во текот на ноќта, во 1 часот и 50 минути, па да се качи на приватен автобус кој со десеттина други жени би ја одвел во лозје.

фото извор: Profimedia

Таму таа би береле и сортирала грозје и по 12 часа, а дома носела дневница од 27 евра. Понекогаш била толку исцрпена што и се случувало да заспие во текот на разговорот со сопругот. Нејзината смрт од срцев удар на 49 години на полињата, во Италија предизвикала двегодишна истрага за она што властите, експертите за работа и синдикалните организации го нарекуваат модерно ропство. Во него се вклучени повеќе од 40 илјади Италијански, мигрантски и сезонски работнички.

По истрага која траела неколку месеци, властите уапсиле 6 лица обвинувајќи ги дека своите агенции за вработување и транспорт користат сиромашни и очајни жени кои не се осудуваат за тоа да зборуваат и продолжуваат со работа во екстремни услови.

Смртта на Паола ги навела Италијанската законодавна власт да усвои закон, чија цел е борба против експлоатирање на земјоделски работници. Но, според експертите поробувањето во земјата е и натаму вознемирувачки раширено.

Посредниците од жените некогаш земале и третина од заработката за транспорт, а ако некоја жена се обидела да се пожали, тогаш и се заканувале дека повеќе нема да ја бараат.

Според некои судски списи, неколку жени изјавиле дека себеси се сметаат за среќни што имаат работа, без разлика колку е тешка. Два месеци по смртта на Паола, финансиската полиција ги пребарала куќите на нејзините колешки. Пронајдени се календари во кои работниците последните неколку години забележувале денови на кои работеле. Бројот на денови бил далеку поголем од оној кој се наведува во договорите. Тоа што од жените нема никаква реакција е последица на недостатокот од работа во Италија.

Во експлоатацијата на работници често учествуваат и мафијашките организации. Новиот закон во Италија за експлоатација на работници предвидува 6 години затворска казна и остри санкции за работодавачите кои работата не ја плаќаат доволно.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот