X
 12.08.2016 Технологија

Илон Маск планира изградба на чист енергетски гигант

Замислете секој дом во светот со систем за складирање на обновлива енергија кој ќе ги собира емисиите ослободени од соларните панели, користејќи ја таа чиста енергија за полнење на електричните возила.

 

маск


Извршниот директор на „Tesla Motors“, Илон Маск направи голем чекор кон реализирање на оваа визија во реалност со најавувањето на 2.8 милијарди долари понуда за купување на „SolarCity“, компанија за соларна инсталација.

„Мисијата на „Tesla“ отсекогаш беше поврзана со одржливоста. Ние сакаме да ја забрзаме транзицијата во светот за одржлив транспорт, нудејќи поприфатливи електрични возила. Во март 2015 година, ние го лансиравме проектот „Tesla Energy“, кој на корисниците им овозможи да имаат корист од чување на обновливите извори на енергија. Сега е време да завршиме со проектот. Клиентите можат да возат чисти автомобили и можат да ги користат нашите батерии за поефикасно трошење на енергијата, меѓутоа нив се'уште им е потребен пристап до најодржливиот извор на енергија: сонцето“.

Маск вели дека системите за соларен панел ќе се продаваат под брендот „Tesla“.

Во март, Маск го претстави првиот прифатлив „EV, Model 3“. Автомобилот со цена од 35.000 долари достигнува до 350 километри на едно полнење.

„На светот не му недостасуваат автомобилски компании. На светот му недостасуваат енергетски одржливи компании“, изјави Илон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија