X
 19.10.2016 Живот

Резултатите од првата соларна велосипедска патека се изненадувачки!

Помина една година откако иновативната соларна велосипедска патека со панели беше поставена во Холандија и резултатите се изненадувачки дури и за дизајнерите. За една година, патеката генерирала 70 киловати на час на квадратен метар – доволно енергија за околу три домаќинства. Лицата кои стојат позади оваа иницијатива „SolaRoad“ се надеваат дека ваквиот потег ќе се примени во повеќе земји за да се заштеди во трошењето на електричната енергија.

 

 

 


Инсталирањето на соларните панели е исплатливо а сега е и поевтино за инсталирање. Се генерира голема количина на енергија, а дизајнерите сметаат дека соларната велосипедска патека ќе го покаже долгорочниот ефект за 15 години. За тоа време пак, технологијата ќе напредне во голема мера.

 

 

 


Градовите кои инвестираат во соларни патеки можат да очекуваат можности и за обезбедување на улично осветлување на овој начин. Исто така, се отвораат можности и за полнење на електричните автомобили.

 

 

 


Од компанијата велат дека инетересно е и тоа што жителите не прават некоја голема разлика помеѓу обичните патеки и оваа. Воопшто не им пречи, а тоа е токму целта која тие сакаат да ја постигнат – соодветни патеки за жителите и истовремено собирање на енергија.

 

 


Подготвил: Маја Перска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот