Пустините важат за места каде што годишно наврнуваат 250 милиметри дожд на метар квадратен. Во Атакама се случува да падне само еден милиметар...
Ви ги претставуваме најволшебните места каде што луѓето се вистинска реткост.
Сахара
Најпознатата и најголемата во светот, со површина од 9,4 милони километри квадратни. Се протега низ десет држави во северна Африка. Сахара е дом речиси на четири милиони жители. Можете да ги прошетате туристичките делови од пустината, и тоа со тури на камили.
Намиб
Многу помала од Сахара. Се протега на 81 илјада километри квадратни. Не е населена, но тука живеат некои животни, како на пример, носорози и зебри. За Намиб се карактеристични високи песочни дини, што достигнуваат 300 метри висина.
Атакама
Познато е дека во пустините годишно наврнуваат 250 милиметри дожд на метар квадратен. Во оваа пустина се случува да наврне само еден милиметар на метар квадратен, поради што се смета за најсушно подрачје на планетата. Се протега низ Чиле, Аргентина, Перу и Боливија. Во Атакама речиси нема растенија и животни, освен чинчила глувци и кактуси.
Антарктика
Станува збор за континентот и истовремено најголемата ледена пустина. Иако таму се измерени рекордни минус 89,2 степени, ова место е истовремено највлажното и најсушното на Земјата. Сигурно ќе се прашате како е можно тоа? Мамецот е тоа што влажноста не се должи на дождовите, туку на фактот што 98% од Антарктика се наоѓа под мраз. Но, со оглед на тоа што ова е најладното место на светот, врнежите се вистинска реткост, поради што овој континент се смета за пустина.
Такламакан
Оваа пустина се наоѓа во централниот дел на Азија, а преку нејзините северни и јужни делови, некогаш поминувал познатиот Пат на свилата. Во Такламакан се случило и најголемото пустинско чудо, кога пред седум години снег ѝ ја покрил целата површина. Дотогаш не се случило цела пустина да биде покриена со снег, поради што Такламакан влегла во историјата како единствена.
Дашт-е Кавир
Се наоѓа во Иран, на површина од 390 километри квадратни. Прекриена е со кристали од сол што се создаваат на тлото поради недостаток од дожд, а целата глетка е импресивна. Летата тука се пеколни, со температура од 50 Целзиусови степени, а посетителите можат да отседнат единствено во куќата Атешони, што им овозможува излети и кампирања во пустината.