Вообичаено се зборува за најубави дестинации, најнеобични пејзажи, споменици, музеи... Овој пат станува збор за осумте аеродроми во светот кои можат да ви станат поттик за идните патувања.
1. Мале, Малдиви
Море и палми, а меѓу нив полетуваат и слетуваат
авиони. Мини рај во срцето на Индискиот Океан. Понекогаш при
слетувањето, можат да се забележат и делфини.
2. Принцезата Јулијана, Свети Мартин, Кариби
Има една позната фотографија со авион кој слетува точно над плажата... Е, токму тоа е плажата Махо во Свети Мартин, карипскиот остров што административно е поделен меѓу Франција и Холандија. Што ќе здогледате прво при слетувањето? Пливачи. Вам ќе ви биде супер, а за тоа какво е искуството на пливачите кога авион им слетува неколку метри над главата додека се сончаат, не би можеле да зборуваме.
3. Азурен брег, Ница, Франција
Слетувањето е на самата француска ривиера. Нема зборови што можат да го доловат чувството од оваа глетка. Фотографиите зборуваат за тоа.
4. Сантош Думон, Рио де Жанеиро, Бразил
Веднаш ќе ви падне в око Шеќерната глава и ќе имате прекрасен поглед на брегот на Рио.
5. Лондон Сити, Англија
Не станува збор за Хитроу или Гетвик, туку за Лондон Сити аеродромот кој е многу поинтересен од другите. При слетувањето ќе имате спектакуларен поглед на центарот на градот: Биг Бен, мостот Тауер, зградата на парламентот... и многу други знаменитости, под услов да имате седиште до прозорецот.
6. Били Бишоп, Торонто, Канада
Ретко кој аеродром е лоциран во центарот, но доколку патувате за Торонто, ќе го видете и тоа. Аеродромот се наоѓа на островце, само на неколку минути до главната станица на метрото. Ќе го видите езерото Онтарио и ЦН Кулата (Canadian National Tower).
7. Гибралтар
При слетување на овој аеродром, во вашиот видокруг ќе бидат и Европа и Африка, односно Шпанија и Мароко. Се разбира, и гибралтарската карпа.
8. Куршевел, Франција
Ако имате желба да ги видете Алпите, а не сте по планинарењето, купете карта до
аеродромот Куршевел во Франција. Погледот е прекрасен, со снежни планински врвови од сите страни. А дополнително ќе доживеете и незаборавно слетување под наклон од 18,5 проценти.