X
 14.09.2018 Живот

Брилијантно суров трик - луѓето успеале да ги убедат децата дека се невидливи

На „Твитер“ кружи трик за кој нема да можете да се одлучите дали е урнебесен или едноставно суров. Луѓето масовно снимаат како на децата се изведува трик на исчезнување.

Така, луѓето успеваат да ги убедат своите деца, браќа и сестри, внуци и внуки дека исчезнале или дека се невидливи. Трикот оди вака: човекот (најчесто дете) го прекривате со ќебе. Изговарате неколку збора што не значат ништо. Потоа го тргате ќебето и присутните во просторијата почнуваат да се однесуваат како личноста повеќе да ја нема, шокирано плачат и го бараат.

Да, звучи глупаво, но на крајот се фотографираат со некој член од семејството, а на фотографијата детето навистина го нема.

Луѓето масовно објавуваат видеа. Децата на почеток се смеат и не ја сфаќаат целта, но во моментот кога ќе ја видат фотографијата на која ги нема, започнуваат да плачат.

I highly recommend that everyone turns their siblings invisible HAHAHAH pic.twitter.com/SK4jLw7cNa

— DAVID DOBRIK (@DavidDobrik) September 6, 2018

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот